Ф1 ќе престане со едногласна согласност при промена на правила

Рос Браун од Формула 1 вели дека спортот ќе престане со потребата да се бара едногласно договарање од сите тимови при промена на правилата.

Сите 10 екипи на гридот е потребно да се согласат со цел спортот да направи промени во правилата, што се покажува како тешка задача за менаџментот. Во 2019 година, преговорите за правилата во 2021 година се одвиваа тешко бидејќи сите 10 екипи имаа свои поединечни агенди, додека идејата за спринт трки со обратен грид беше одбиена од сите.

Новиот систем за 2021 година се очекува да ја промени ситуацијата и ќе бара само мнозински или супер мнозински глас, од 7 односно 8 тимови за да се направи промена во правило.

Ја отстрануваме едногласноста која од секогаш блокираше промени. Не е продуктивна. Престануваме со ригидна, затворена ситуација и начин на владеење. Развојот на Формула 1 не е само преку технички и спортски регулативи, се работи и за финансиски регулативи и владеење.

Моменталните болиди се ужасни од аеродинамична гледна точка кога се блиску еден до друг. Тоа не е тркачки автомобил, не сакате тенкови, сакате нешто што ќе може да се трка на вистински начин, а тоа сме го загубиле.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ