Ф2 возач може да ја загуби лиценцата поради лудории на ТикТок

Белгискиот Формула 2 возач Амаури Кордел е виновен за пребрзо возење во неговиот роден град Темсе, а идниот возач на Виртуози Рејсинг постигнал максимална брзина од 179 километри на час на дел од патот каде што ограничувањето е само 50 километри на час.

Тој беше фатен откако објави видео од неговите лудории на ТикТок.

Кордел го направил прекршокот уште во Декември 2020 година, но беше прогласен за виновен само на почетокот на овој месец, казнет со 3,600 евра, а исто така ја изгуби возачката дозвола на шест месеци.

На видеото, кое тој го објави на ТикТок, кое потоа беше избришано, се гледа дека возачот на пат каде што ограничувањето на брзината е само 50 километри на час, вози со максимална брзина од 179 километри на час.

Видеото беше доставено до локалната полиција, која подигна обвинение, наведувајќи дека тој е прогласен за виновен.

Тој негираше дека бил зад воланот, велејќи му на судот:

Не можев да возам, бидејќи воопшто немав возачка дозвола во тоа време.

Но, според HLN, тој не му кажал на судот дека купил возачка дозвола за 450 евра на Интернет.

Неговиот адвокат инсистираше на тоа дека нема доволно докази за да се докаже дека е Кордел зад воланот, велејќи:

Не може да има никаква врска помеѓу видеото и фактот дека мојот клиент возел.

Тоа беше автомобилот на неговиот татко и има доволно сомнеж да се каже дека тој не возел.

Судот одлучи поинаку, прогласувајќи го 20 годишникот за виновен.

Сè уште не е познато какво влијание може да има пресудата на Кордел врз плановите на возачот на Виртуози за 2023 година.

Јас сега дознавам! – изјави извршниот директор на Формула 2, Бруно Мишел.

Веројатно тоа е нешто што ќе треба да се разговара со ФИА, да се види како да се справиме со тоа и дали да се направи нешто посебно.

Не можеме да го игнорираме тој факт, тоа е сигурно.

Не можам навистина да одговорам на прашања, но тоа е нешто што дефинитивно треба да го разговараме со ФИА, за да видиме како да се справиме со тоа.

Не е прв пат Кордел да биде во центарот на вниманието за вакво нешто, откако претходно беше обвинет дека удрил со 185 километри на час на јавен автопат со Ауди.

Тоа видео беше споделено и на интернет, но во тоа време тој исто така негираше дека е бил зад воланот.

Кордел се тркаше за Ван Амерсфорт Рејсинг во сезоната во 2022 во Формула 2 и заврши на 17то место со 26 поени. Следната година требаше да му се придружи на јуниорот од Алпин, Џек Дуан во Виртуози Рејсинг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ