Хаас ги откриваат шарите на новиот болид следната недела

Хаас е последната екипа од гридот кој објави датум за промоција во пресрет на сезоната, иако се работи само за шарите на болидот кои ќе бидат промовирани на 4от ден од следниот месец.

Американската екипа беше единствена која го немаше закажано промовирањето на својот болид, но објавија дека шарите на ВФ-21 ќе се покажата на 4 Март.

Тимот влегува во сезоната по многу тешката мината година во која зацршија на 9то место со само 4 поени и единствено пред Вилијамс. За годинава имаат целосно нов тандем возачи и наместо Роман Гросжан и Кевин Магнусен, за екипата ќе возат дебитантите Мик Шумахер и Никита Мазепин.

Гунтер Стаинер и Џин Хаас веќе потврдија дека слабите перформанси од моторот на Ферари лани се виновни за голем дел од разочарувачките резултати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ