Хаас го објавија возачкиот распоред за предсезонските тестови

Хаас се првата екипа која го објави возачкиот распоред за првата недела од предсезонскиот тест во Барселона на патеката Каталуња.

Американската екипа потврди дека и Кевин Магнусен и Роман Гросжан ќе бидат дел од активностите на патеката во првата недела. Оваа година неделниот тест е намален на 3 дена. Магнусен ќе го вози новиот болид на 19 Февруари, додека Гросжан ќе вози следниот ден. И Магнусен и Гросжан ќе го делат болидот на последниот ден од тестот.

Хаас потврдија дека ќе го промовираат новиот болид, ВФ-20, на самиот почеток на тестовите, но пред неколку дена објавија фотографии од истиот. 2019 се покажа како очајно лоша сезона за екипата откако паднаа на 9то место во пласманот.

Гросжан појасни дека неговиот тим веќе не смее да губи време во предсезонскиот тест и мора да се осигураат дека ВФ-20 не ги наследил проблемиот од неговиот претходник.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ