Хаас го средиле проблемот со сопирачките

Во Хаас веруваат дека го средиле проблемот со сопирачките кои ги мачеше за време на првата трка од сезоната и кој донесе незавршени трки од страна на двата болиди.

немавме добри перформанси нити стигнавме до добар резултат на првиот викенд, но барем дознавме до каде сме и на што треба да работиме. ни недостасуваат перформанси секаде, како на шасијата така и од моторот.

проблемот со сопирачките беше потценување на капацитетот за ладење кој го имавме и поради тоа прегрејаа. мораме да превземеме чекори за да се подобри ладењето затоа што со повеќе ладење на сопирачките, губиме перформанси на болидот од аеродинамичка гледна точка.

треба во предвид да го земеме и времето, ако е поладно од минатиот викенд ќе биде подобро за нас. но, работевме на компјутерските симулации во фабриката и имаме решени за да се подобриме – откри гунтер стаинетр – првиот човек на хаас.

Најважно за тимот е тоа што болидот е напредок во однос на ланскиот кој имаше големи проблеми и кон средината на сезоната американците решија да се вратат на првичната спецификација.

лани дознавме дека немавме аеродинамички ефикасен болид во задниот дел, задното крило не создаваше доволно потисна сила врз задните гуми кои проади тоа не се загреваа и не можеа да работат добро. годинава тој проблем се чини дека го немаме и само ни требаат малку повеќе перформанси.

немавме проблеми освен сопирачките на трка, можеме да се бориме, секако дека не за врвот, но можеме со останатите. болидот е далеку подобар од ланскиот кога едноставно немавме гуми, не можевме да работиме со нив, годинава не е така.

додека кевин беше во трка не беше воопшто лош, се бореше со естебан окон, но мораше да отпушта гас многу пред кривина затоа што сопирачките беа многу топли. австрија ионака е тешка за сопирачките, но имаме уште една трка таму која мораме да ја одработиме подобро.

нашите перформанси заначт дека можеме ад се тркаме со алфа и вилијамс, но гледаме дека и окон беше со нас што е добро. потенцијал за подобрување имаме, не е лошо, но ни претстои работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ