Хаас демантираат дека ќе користат мотори на Рено

Хаас нема да возат Рено мотори во наредните години, а тимот ќе остане да користи мотори на Ферари и да добива голема поддршка од Маранело.

Американците влегоа во Формула 1 во 2016 година со голема помош на Ферари. Не само што се снабдуваат со мотори од Скудерија туку делат и доста заеднички делови. Тимот има доста техничка подршка и поради тоа Хаас често освојува поени, но проблемите со моторот оваа сезона доведува до шпекулации дека Хаас ќе ги замени Ферари со Хаас. 

Францускиот производител нема да има ниту еден клиент следната година и со тоа се намалува можноста за тестирање на моторите. Стаинер тврди дека Хаас не бара нов партнер за моторот. 

Нема да си одиме кога има проблеми. Џин и јас знаеме дека Ферари ќе ги среди проблемите. Нашата инфраструктура со Далара е во Италија. Доколку работиме со Рено треба да се преселиме во Англија. 

Стаинер изјави дека не е етички да ги напуштат Ферари бидејќи имаат проблеми. 

Најпрво, верувам во реалноста. Тие многу ни помогнаа. Сега имаат очигледни проблеми и Мислам дека ова е краток период со проблеми кој Ферари ќе го реши. мислам дека не е етички да ги оставиме во првиот момент кога има проблеми. 

Ферари нема доволно сила во моторот по ланскиот проблем со ФИА. Шефот на Ферари, Матиа Биното изјави дека моторот има удел врз перформансите на сите нивни клиенти и поради тоа се слаби. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ