Хаас за прв пат ќе користат симулатор за време на трка

Американски Хаас за прв пат паралелно со трката во Абу Даби ќе работи на симулаторот на Далара во нивната фабрика во Италија, нешто што треба да биде нивна пракса следната година.

Пиетро Фитипалди ќе го мине викендот возејќи кругови во симулаторот на Далара во Италија како поддршка за Роман Гросжан и Кевин Магнусен кој ќе возат на Јас Марина.

ќе почнеме паралелно да користиме симулатор викендов, но само како проба да видиме како ќе работи и да се подготвиме за следната година. треба да востановиме дали таквиот систем работи и како ќе го контролираме.

симулаторот треба да биде помош и поддшка за патеката и ако се мине во најдобар ред и комуницираме ефикасно, тогаш секако дека ќе продолжиме на тој начин.

се работи за проба, тест, не за перформанси кај болидот. можеби ќе откриеме и нови перформанси, но тоа не е целта, повеќе цел е проба на системот. тоа е чекор што го планиравме за догодина и работата на следниот болид – откри гунтер стаинер, шефот на екипата.

Италијанецот и претходно во текот на сеозната најави дека ќе воспостават таква пракса, но не успеале на време да стигнат со подготовките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ