Хаас контактирале со Рикардо за место во тимот

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, откри дека тие контактирале со Даниел Рикардо во врска со слободното возачко место кое го имаа за 2023 година.

Во Август, Рикардо потврди дека со взаемна соглансост се раскинува договорот кој го имаше со Меклаерен, една годиан порано од предвиденото. Во тие моменти, американците размислуваа и анализираа дали да го задржат Мик Шумахер и догодина или да имаат нов возач крај Кевин Магнусен.

На крајот, Рикардо одбра да направи трансфер во Ред Бул за 2023 година, да биде трет возач на тимот и да одработува маркетинг и промотивни активности.

на почетокот од нашата анализа јас контактирав со него, всушност пред да го раскине договорот со мекларен, зборувавме и му ги објаснив нашите планови, но тоа беше се, немаше ништо повеќе од тоа – откри гунтер.

Кога размислувале за возачкиот двоец за 2023 година, Стаинер призна дека се сомневале дали Дани ќе може да испорача и да донесе напредок за нив, земајќи ја предвид неговата форма во Мекларен.

очигледно е дека даниел не беше добар годинава, да беше добар, ќе останеше во мекларен и за следната година, така што и ние моравме да размислуваме на тоа. знаеме дека не беше во зенитот на својата кариера, но сепак, тој е фантастичен возач, победник на трки, но едноставно во мекалрен ништо не му оди.

ако земевме некој како него, повторно ризикувавме дали ќе може да си ја врати формата или не.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ