Хаас под истрага, ги прекршиле парк ферме правилата

Формула 1 тимот Хаас е под истрага од ФИА откако ги прекршиле парк ферме правилата работејќи над болидот на Роман Гросжан.

Французинот беше последен на квалификациите откако проблемите не му дозволија да постави време во првите 18 минути од сесијата, но официјално има учество на сесијата. Несвесен за тоа, тимот работел на неговиот болид во текот на ноќта што не е дозволено парк ферме согласно правилата.

болидот број 8 и возачот роман гросжан учествуваа на квалификациската сесија со излегување од боксот во 15.47.26 и поради тоа подлежи на парк ферме правилата согласно техничките правила на формула 1.

тимот не престанал со работа над болидот број 8 и тоа 3,5 часови по крајот на квалификациската сесија односно до 20.16 часот и наместо тоа работеле до 23.20 часот. тоа не е во согласност со спортскит правила и член 34.4 од истите.

дополнително работата која се спроведувала не била под надзор на фиа и поради тоа се смета за неовластено работење што не е во согласност со член 34.2 и 34.7 од истиот правилник – гласи соопштението од контролата на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ