Хаас презадоволни со квалификациите, но знаат што ги чека

Екипата на Хаас приреди мал шок во падокот во Интерлагос откако и двата нивни болида се квалификуваа во топ 10 за Бразилското Гранд При, прв пат во Шпанија во Мај, особено што користат болид со спецификации од Мелбурн.

Но откако се очекуваат повисоки температури за неделната трка, Роман Гросжан и Кевин Магнусен очекуваат животот да стане многу потежок.

Американската екипа изгледаше прилично брзо во Петок, но како и во претходни наврати, нивната форма секогаш опаѓа како што изминува викендот. Но, пониската температура во воздухот и околу 20 степени целзиусови пониска температура на патеката од тоа што се очекува во трката, им помогна на возачите со нивните пневматици.

Брилијантна работа од тимот, двата болида во К3 е неверојатно. Во трката ќе биде поинаку, но не е важно, ќе бидеме задоволни со постигнатото.

Одлично беше. на слободните тренинг сесии, немавме брзина, но бев убеден дека ќе се пласираме околу 11то место.

Потоа во К2 поминавме многу добро, а К3 не беше толку лошо. Го следев Верстапен, што не беше добра идеја, бидејќи не ме повлече, беше пребрз и далеку пред мене.

Среќен сум со тимот. Имајте предвид дека го возам болидот од Мелбурн – изјави Гросжан.

Магнусен не беше шокиран од нивната форма, земајќи предвид дека Хаас имаат прилично добар болид во квалификациите. Но како и Гросжан, и Кевин очекува тешко неделно попладне.

Видовме и претходно во сезоната дека болидот е добар во квалификациите. Ќе бидам повеќе изненаден ако ги задржиме позициите во трката. Заостанувавме многу во последните неколку трки, така што добро е да се пласираме во К3 со двата болида.

Ова покажува дека имаме потенцијал, но не успеваме да го покажеме доволно често. Ќе видиме како ќе биде во трката, но температурата ќе биде повисока, а Пневматиците ќе бидат предизвик.

Повисока температура е проблем за нас, во однос на тоа да ги одржиме пневматиците под контрола. Ќе направиме се што можеме, но нема да биде лесно.

Алфа Ромео има предност од 8 поени пред Хаас во генералниот пласман, така што битката за осмата позиција е целосно отворена ако Хаас успеат квалификациите во топ 10 да ги претворат во солидни поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ