Хаас сакаат кам-бек по “едукативната сезона“

Сопственикот на Хаас Ф1, Џин Хаас, се надева дека новиот болид претставен за 2020 година, ВФ-20, ќе ја врати формата на американската екипа по “навистина едукативен процес“ низ кој поминаа во 2019 година.

Тимот е прв кој сподели фотографии од болидот за 2020 година. На ВФ-20 се вратени традиционалните бои на Хаас, бела, црена и црна, по разделбата со главниот спонзор Рич Енергџи. Во 2019 година Хаас паднаа на деветто место, по мошне успешно 5то место во 2018 и освоија поени на само 5 трки, додека Кевин Магнусен и Роман Гросжан имаа потешкотии со болидот.

Среќен сум што болидот се враќа со нашите познати Haas Automation бои, дефинитивно е шара која луѓето ја препознаваат. Искрено, се надевам дека ВФ-20 ќе не врати во формата од 2018 година кога се пласиравме на петто место.

2019 беше тешка сезона. Поминавме низ вистински едукативен процес, нешто што се случува за секој тим во одредена фаза. Верувам дека научивме многу од тие лекции и го применивме тоа знаење во ВФ-20. За мене е важно да се вратиме кон врвот и да освојуваме поени постојано, ја имаме таа способност и докажавме како организација дека можеме да успееме во тоа.

Тимскиот шеф, Гунтер Стаинер, смета дека стабилноста во техничките правила за 2020 година ќе им помогне на Хаас да ги избегнат грешките од минатата година.

Секогаш е возбудливо да се види развојот на нов Формула 1 болид и ВФ-20 дефинитивно мора да испорача каде претходниците не успеаја. Со стабилните правила имавме можност да го подобриме нашето познавање за болидот и да најдеме решенија кои ги применивме во ВФ-20. Минатата година не беше добра, но од такви ситуации може само да научите.

Сите во тимот мораа да погледнат кон себе си и да разберат што може да направат подобро. Одвај чекам да го видам дебито на ВФ-20 на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ