Хаас со посебна посвета за прерано починатиот Мартин Шеперд

Тимот на Хаас ќе му оддаде посебна почит преку натпис на своите болиди на Португалското Гранд При на колегата Мартин Шеперд по прераната смрт на возраст од 24 години.

Пред речиси две години, младиот Шеперд, инаку техничат во гаражата на тимот, беше дел од сериозна сообраќајка со својот моторцикл додека се враќал дома од работа. Иако Мартин преживеа, имал многу големи физики повреди и траума на мозокот по што бил подложен на операција која му го спасила животот.

По три месеци на интензивна него, тој физички закрепнал, но траумата на мозокот му правела проблеми со свеста и дезориентираноста. И покрај тоа што биле собрани средства за негова помош, на крајот тој ја загуби борбата за живот на почетокот од овој месец.

За да му оддадат почит, двата болиди кои Шумахер и Мазепин ќе ги возат на Портимао, односно на носот од истите, ќе биде напишано “In loving memory of Martin Shepherd our team-mate and our friend 1996-2021“. Исто така, сите во Хаас ќе носат црна лента на раката во знак на тага за својот прерано починат колега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ