Хаас ќе ја промовираат шарата на 31 Јануари

Формула 1 тимот на Хаас потврди дека ќе ја прикаже својата шара за 2023 година на крајот на овој месец.

На новиот дизајн ќе му се тргне покривката на 31 Јануари, со што Хаас ќе биде првиот тим што ќе го претстави својот нов изглед за претстојната сезона. Американската екипа не одреди датум кога ќе го открие вистинскиот болид што ќе го користи во 2023 година, отсликувајќи го пристапот на Вилијамс со првично прикажување на шарата.

Тимот влегува во годината со малку изменета возачка постава откако го доведе Нико Хулкенберг како партнер на Кевин Магнусен. Мик Шумахер беше отпуштен од Хаас на крајот на 2022 година бидејќи екипата бараше поискусен возач за да обезбеди стабилност.

Хаас имаше силен почеток на 2022 година со Магнусен кој го освои петтото место на отворањето на сезоната за Големата Награда на Бахреин. Сепак, тоа остана најдобар резултат во сезоната, бидејќи топ 10 финишите беа ретки како што истата одминуваше.

И покрај тоа, забележаа многу поуспешен потфат во споредба со 2021 година, кога не успеаја да освојат поени во текот на целата сезона и завршија на дното во шампионатот на конструктори.

Тимот влегува во сезоната во 2023 година со нов главен спонзор во MoneyGram, чии логоа се појавија на болидот ВФ-22 кон крајот на претходната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ