Хакинен гледа загриженост кај Верстапен и Ред Бул

По уште една доминантна победа во Канада, Макс Верстапен изгледа непобедливо, но и покрај одличната форма, Мика Хакинен смета дека има мала загриженост во тимот од Милтон Кинс. 

Победата во Канада е шеста за него оваа сезона и тој направи се што можеше да добие максимум од казната на неговиот ривал Шарл Леклер кој тргна од последниот ред. Во моментов предноста на Верстапен е 49 поени пред Леклер. 

Немаше сомнение дека Макс има целосна контрола над шампионатот и резултатот од Мелбурн само потврдува колку се силни. На правците имаат предност и имаат добар баланс во болидот независно од патеката. Монтреал е патека каде ти е потребно се што имаш во болидот и треба да имаш целосна доверба – посочи финецот хакинен.

Според Хакинен, единствениот проблем на Ред Бул е со изржливоста. 

Единствениот проблем им е издржливоста. Пак имаа проблем кај Перез, Но тимот остана нервозен до самиот крај. Издржливоста ги загрижува и Макс и Чеко. 

Хакинен е загрижен и за Ферари за тоа дали може да го предизвикаат Ред БУл. 

Нивниот болид е нежен, а Матиа Биното е сигурен дека подобро да имаш побрз болид и дека е нормално да имаат проблем со издржливоста. Доколку тимот ги реши проблемите, Шарл и Саинз ќе ги предизвикаат Макс и Перез. Не е само Ферари туку и Макс може да има проблеми. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ