Хакинен е фан на уличните трки

Поранешниот двојкратен Формула 1 првак, финецот Мика Хакинен, застана во одбрана на спортот за се поголемото вклучување на улични трки во календарот.

Формула 1 е тркчка секоја која се одржува на наменски изградени патеки како легендарните Силверстон во Англија, италијанскиот Храм на брзината, Монца и Спа на белгиските Ардени. Но, од скоро, проширувањето на спортот се праави на модерни улични патеки кои минуваат низ знаменитостите на градовите.

Макс Верстапен, возачот кој освојува титули последните две години, неодамна изјави незадоволство од фактот што трките се почесто се возат на уличните патеки за кои Формула 1 болидите не се направени. Сезонава која претсои дури 1/3 од трките ќе бидат на улични патеки, а нова ќе биде онаа во Лас Вегас која ќе се вози во Ноември. 

Ако се направи споредба со 1999 година кога Мика Хакинен го освои својот втор шампионски наслов, тогаш во календарот имаше само три улични патеки.

мислам дека се работи чисто за баланс, секоја трка не може да биде градска исто како што и секоја трка не може да биде на автодром, тоа е баланс. животот е аков, не можеме секогаш д го добиеме тоа што го сакаме.

знаеме дека уличните патеки бараат компромиси, не може да се поместат огромните згради, исто како што не може да се отстранат големи ридови за да се направат кривини како што сакаме, се се тоа компромиси – напиша мика во својата колумна.

Секако дека главна предност на градските трки е публиката која е многу поблиску до се што се случува одошто на наменски изградените патеки. Хакинен посочи дека чувствува оти уличните трки може многу да мну понудат на спортот и дека треба да се користат и да се напушти конзервативниот пристап од 1980-тите и 1990-тите години.

знаеме дека градовите може да понудат многу работи на фановите како ресторани, трговски центри, прекрасни хотели од кои луѓето буквално од балкон може да гледаат трка. ако луѓето може од совјата јахта да ја гледаат трка тоа е луксуз, а форула 1 е луксузен бизнис и луѓето може да уживаат. така, трките во градовите се одлична работа.

секако дека градот е поголем предизивик за возачите и екипите, но возачите се платени да ризикуваат и да приредат шоу за фановите.

Некои трки, како Сингапурското Гранд При под рефлекторите на Марина Беј, станаа составен и одлично прифатен дел од календарот, но други, како трката во Мајами која дебитираше лани, беа цел на критика. Дури и Монако во послендо време е критиквуано проади тесната патека која модерните болиди веќе ја надраснаа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ