Хакинен: Луис и Макс се посебна класа

Мика Хакинен, поранешниот Формула 1 првак, смета дека Катарското Гранд При уште еднаш покажало дека Луис Хамилтон и Макс Верстапен се класа за себе оваа тркачка сезона.

Седумкратниот првак доминираше на првата трка на Лосаил автодромот во Катар и не беше предивикан до крајот откако стартуваше од пол позицијата. Верстапен доби казна и мораше да се пробива од 7то место до победа, а во прилог му одеше и освоениот поен за најбрз круг на крјот од трката.

по драмата од бразил, редот да отслужи казна беше на макс во катар како резултт на тоа што не забави на двојно жолто знаме што е една од најважните мерки за безбедност во формула 1. исто како и луис во бразил и макс во катат брзо се врати на врвот и по првиот круг веќе беше 4ти. ривалите за титула се друга класа, сите останати се далеку зад нив – смета хакинен.

Мика смета дека во моментов Хамилтон е тој кој има предност во борбата и покрај фактот што Верстапен на две трки пред крајот има предност од 8 поени во возачкиот поредок.

ако формула 1 беше тенис, ќе кажев дека хамилтон има предност по доминацијата која ја покажа во бразил и катар. иако макс верстапен води во првенството со осум поени, мерцедес одговорија давајќи му на хамилтон болид со кој може да се бори и да ја брани својата титула.

во недела луис целосно ја котролираше трката од својата пол позиција, а иако неговиот мерцедес ја немше брзината од бразил кога имаше нов мотор, летечките кривини во катр му даваа предност во однос на ред бул и хонда.

На две трки пред крајот на сезоната, Хакинен смета дека Ред Бул може да се обидат да ја користат помошта од сестринскиот АлфаТаури.

интересно е да се види како пјер гасли му помага на макс верстапен да напредува. понекогаш се заборава дека ред бул има две екипи во формула 1, а со титулата во игра, не смееме да заборвиме дека тие две екипи ќе работат заедно.

макс притискаше силно, но кога доје на 2то место, луис веќе беше 4 секунди пред него, ги контролираше своите перформанси и со стратегијата покри било каква можност да биде притиснат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ