Хакинен: РБ16 е правен за Верстапен, не за Албон

Двократниот Формула 1 шампион со Мекларен, Мика Хакинен, изјави дека проблемите на Алекс Албон се поради тоа што болидот е дизајниран за стилот на возење на Макс Верстапен. 

Албон ја вози својата втора сезона во Формула 1, иако Ред Бул постави високи барања од Албон тој сепак не е во можност да му парира на Верстапен. Британецот со тајландско потекло се мачи од почетокот на сезоната, а Кристијан Хорнер до сега го подржуваше Албон иако веќе е јасно дека на подршката и истекува рокот. 

Хакинен смета дека болидот е правен по барања на Верстапен и тоа е причината што Албон не може да му конкурира. 

Ред Бул имаат проблем што прават еден болид за повеќе трки и гледаме како тоа е проблем за Алекс Албон и заостанува по цел круг. Ова е невообичаено за Алекс бидејќи е способен возач, како и Пјер Гасли пред него, но да се вози вториот болид очигледно е проблем.

Сигурен сум дека Кристијан Хорнер го гледа ова и ќе најде решение. Болидот е правен по барањата на ВЕрсапен и тоа е проблемот и се гледа по тоа колку е конкурентен Гасли по враќањето во АлфаТаури – смета финецот хакинен.

И покрај победата на Монца, Гасли не се враќа во Ред Бул и ќе остане во АлфаТаури.  Се очекува Јуки Тсухода да го превземе местото на Даниил Квјат а одлуката за Албон уште не е донесена. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ