Хакинен: Ред Бул ќе заврши на првите позиции доколку Ферари не се поправи

Двократниот шампион Мика Хакинен изјави дека возачите на Ред Бул може да завршат на првите две позиции во возачкиот поредок доколку Ферари не ја поправи формата. 

Макс Верстапен во моментов има предност од 80 поени пред Шарл Леклер додека Перез е на трета позиција со 5 поени помалку од моначанецот. Ферари имаше лоша серија поради нивните технички и стратешки грешки. 

Секако дека Макс Верстапен има најбрз и најиздржливо болид, но големата слика во недела е Расел, Леклер, Саинз и Хамилтон кои водат во даден момент бидејќи болидите полесно се следат со новите правила.

Многу работи се случија и неколку возачи можеа да победат на трката. Макс имаше импресивна победа откако стартуваше од 10та позиција и се бореше жестоко. Дури и со проблеми не испаничи и брзо се врати назад. Перез извозе одлично и сега е блиску до Леклер со поени. 

Ферари е далеку од Ред Бул во генералниот пласман со 97 поени предност. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ