Хакинен смета дека инцидентот на Фетел бил недоволно истражен

Двократниот Формула 1 првак, Мика Хакинен, смета дека инциденти кои одлучуваат трки како оној на Себастијан Фетел треба да бидат длабински анализирани пред да се изрече било каква казна.

јас би го направил истото како себастиан, би се обидел да извадам максимум од моето враќање по излетување од патеката и секако дека би преферирал да се вратам на тркачката линија и веднаш да забрзам. секако ќе гледам и никој да не ме претекне, тоа е логично се додека е согласно правилникот.

наоѓање на чистата тркачка линија е автоматска реакција. наошање на тркачката линија и задржување на возачот зад вас би рекол дека е 50/50. согласно аголот во кој се наоѓаше себастиан, не можеше да го види болидот зад себе и кога се врати на патеката сигурно штом влезе во тркачката линија се запраша каде е оној зад него, пресметувајќи што треба да направи за да не се судри. тој зад вас ве гледа, има кочница и има цела патека да избере каде да се движи. аголот под кој излета себастиан, луис нема избор, само да забави.

реакцијата на себастиан беше тркачки инстинкт, таа кривина е на надолнина, не е многу мазно, а на нечиста патека формула 1 болид е тежок за контрола, особено ако од трева се враќате на асфалт, тогаш е супер тешко. таа кривина е тешка, а висината на болидот значи дека е многу голем предизвика да се врати на патеката без да се оштети нешто од доле. изненаден сум што себастиан воопшто се врати неоштетен.

немаше никаков контакт, двајцата се повеќекратни прваци и одлично ја менаџираа ситуацијата. луис знаеше дека нема да мине и се подготви за тоа да не се направи некоја лоша ситуација.

казните кои се доделуваат треба да бидат многу, многу анализирани и дискутирани дури и со возачите, прегледувани преку видео затоа што е тешко да се пресудат. секој аспект треба да биде темелно анализиран поради важноста за спортот и фановите.

ваквите инциденти треба да се истражат по трката со темелна анализа и ако има казна да се изрече по трката – смета хакинен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ