Хакинен: Штета е што Рикардо е во Рено

Даниел Рикардо може да почне да се сомнева во своите способности доколку Рено продолжи да произведува болиди кои не се достојни на неговиот победнички потенцијал, смета поранешниот шампион, Мика Хакинен.

Рикардо премина од Ред Бул во Рено за 2019 година, откако беше фрустриран со неможноста на претходната екипа да ја намали разликата со Мерцедес во борбата за титула. Макс Верстапен ја имаше најдобрата сеона во Ред Бул откако тие преминаа кон мотор на Хонда, стигна до победи, пол позиции и поени во 2019 со пласман на трето место во поредокот.

За споредба, Рикардо не успеа да стигне до подиум во сезоната за прв пат по неговото деби во Торо Росо.

Мислам дека е штета што го гледаме на место каде не може да победи. Ако пристигнете од победничка позиција и почнете со екипа која губи, тоа е фрустрирачки. Рикардо е многу позитивен дечко, но мора да избегне да се сомнева во себе. Не е проблемот до него и неговите квалитети, туку со болидот – гласи мислењето на хакинен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ