Хамилтон: Беше шокантно да се гледа сударот на Гросжан

Луис Хамилтон е полн со пофалби од реакцијата на Формула 1 и ФИА по страотниот судар на Роман Гросжан, а сликите од сударот ги нарече шокантни.

Во првиот круг од Големата награда на Бахреин, Гросжан нагло сврте во десно по излезот од 3та кривина, имаше контакт со Даниил Квјат и се заби директно во бариерите крај патеката при огромна брзина.

ВФ-20 болидот буквално се распадна на две парчиња и екслодираше во пламен, но Гросжан беше присебен, излезе од болидот и преку баирерите се најде на безбедно.

Сликите од сударот ќе останат запантени во Формула 1 историјата, особено како французинот излегува од пламенот и скока преку оградата. За Хамилтон, тоа што го видел било шокантно и е благодарен што Гросжан нема сериозни повреди по инцидентот, иако е можно да има скршено или напунато ребро.

беше шоктантно да се гледа. кога влегувам во болидот знам дека ризикувам и ги знам опасностите кои со себе ги носи овој спорт. за време на одморот постирав на социјалните мрежи токму за тоа за да ја подигнам свесноста.

не знам како Г-сили имаше при сударот, но благодарен сум што хало системот се покажа во вистинско светло и благодарен сум што бариерата не ја повреди неговата глава – изјави хамилтон.

Британецот е свесен дека инцидентот можел да биде и многу полош и ги пофали Формула 1 и ФИА за неверојатната работа и одличниот начин на кој се справиле со сударот.

можеше да биде многу, многу полошо и ова е потсетник за сите нас како и за оние кои го следат спортот дека ова е опасен спорт, притискаме до лимитот и понекогаш си играме со судбината.

но, мораме да почитуваме и признаеме дека фиа и формула 1 направија неверојатна работа во справување со инцидентот. гросжан на своите нозе си отиде од местото, тоа е неверојатно. секако дека ќе треба истрага за да се осигураме дека нема никогаш повеќе да се повтори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ