Хамилтон го избрка официјалниот фотограф од тимот

Официјалниот фотограф на Формула 1 тимот на Мерцедес одлучи да си замине од шампионската екипа.

Менаџерот на Нико Розберг го донел Пол Рипке во тимот како официјален фотограф во 2016 година, кога германецот освои титула, по што тој остана во Бракли и по заминувањето на Розберг. Според германски Bild, Рипке решил трката во Абу Даби да му биде последна во Формула 1.

моја прва трка по летната пауза беше монца, се обидов некои работи да го направам поинаку, но не се остварија како што треба, барем не за сите.

потоа дојде сингапур и мексико и сфатив дека не сум среќен и задоволен да сум фотограф во тимот повеќе – објасни рипке.

Тој призна дека дел од проблемите потекнуваат од неговиот однос со Луис Хамилтон.

годинава не е лесно да се работи со луис затоа што тој реално “нема поима“ што сака или што треба да прави на социјалните мрежи. ако тој тоа не го знае, тогаш јас не сум вистински човек за него, а нашата соработка не е како порано – откри фотографот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ