Хамилтон го пофали одличниот напор од екипата

Луис Хамилтон и Валтери Ботас се полни со пофалби за нивната екипа откако имаа многу успешна прва недела на предсезонските тестови во Барселона.

И покрај проблем со ЕРС системот, Мерцедес го постави клучниот показател во три области: темпо, издржливост и технички иновации. Откако DAS системот го навлече вниманието на сите во падокот, Ботас и Хамилтон комплетираа 494 кругови, најмногу од сите екипи, додека Ботас го постави најбрзото време од 1:15.732, половина секунда побрзо од најбрзиот круг поставен на тестот во 2019 година.

Ова беше одличен напор од целиот тим и беше одлично да се види колку е силна издржливоста. Болидот е прилично добар. Ова беше добра прва недела и поминавме голема километража. Тоа ја покажува неверојатната работа од сите во фабриката и тука на патеката.

Навистина сум горд на сите. Мора да продолжиме да работиме напорно, да ги анализираме сите податоци од оваа недела и да откриеме како може да го подобриме болидот следната недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ