Хамилтон: Драмата на Ред Бул е како шоуто на Кардашиан

Луис Хамилтон изјави дека проблемите на Ред Бул надвор од патеката се како дел од шоуто на Кардашиан. 

Оваа сезона Ред Бул имаа доста проблеми надвор од патеката. Во вториот дел од сезоната тие беа казнети дека го надминале буџетот, подоцна во Бразил имаа проблем со возачите. 

Мислам дека се случува шоуто на Кардашиан. Многу е интересно се што слушнавме во последниот период. 

Хамилтон зборуваше за избришан коментар од мајка му на Верстапен во која го обвинува Перез дека ја измамува својата сопруга. 

Не можам да кажам, ама мајката на некој имаше коментар. Сигурен сум дека за Нетфликс е интересно. Јас сакам да сум транспарентен за мојата работа и се стремам да поставам силни вредност во спортот. Ќе видиме што ќе се случува во наредната година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ