Хамилтон е блиску до нов договор, но не со Ферари

Луис Хамилтон изјави дека наскоро ќе ги заврши преговорите за нов договор со Мерцедес, а дополни и дека немал никаков контакт со Ферари. 

Пред трката во Монако се појавија гласини дека има преговори помеѓу Ферари и Хамилтон околу евентуален премин во Скудерија, шпекулации кои сега ги отфрли самиот Хамилтон. 

Нормално е да има вакви шпекулации кога се водат преговори, Но додека не слушнете од мене нема ништо – демантира седумкратниот првак.

Хамилтон се надева дека новиот договор ќе биде склучен во наредните недели и за прв пат во неговата кариера не преговара со Тото Волф. 

Мојот тим работи со Тото и Наскоро ќе се договорат. Имам тим кој е фокусиран на тоа и јас си ја работам мојата работа.

Сега сум во подобра позиција од претходно бидејќи се сеќавам како беше кога ги водев сам преговорите. 

Мерцедес сега има потешка работа да го убеди Хамилтон поради слабите перформанси, а британецот сака да освои осма титула. 

Мислам дека имаме погрешен болид. Требаше да се донесат некои одлуки во последните две години и не беше идеално, Но работиме на тоа, Носиме надградби овој викенд што е доста тешко.

Добро е што се откажа последната трка бидејќи добивме време, но со нетрпение чекам да ги пробам. разговорите со Мерцедес се при крај и не сме имале никаков контакт со Ферари. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ