Хамилтон е силен, но може да се победи, смета Бриаторе

Поранешниот шеф на Рено и Бенетон, италијанецот Флавио Бриаторе, смета дека ЛЧуис Хамилтон може да биде победен доколку конкуренцијата успее да го притисне.

Од 2016 годиан кога Нико Розберг успеа да го победи во трката за наслов британецот, Луис освои три титули по ред и стигна до вкупно шест, само една помалку од Михаел Шумахер.

луис победува не поради тоа што е најдобар возач, но поради тоа што вози фантастичен болид. тој може да биде победен иако е силен и прави малку грешки, но доколку некој успее да го притисне, тоа ќе биде целосно поинаква “приказна“ – смета дон флавио.

Бриаторе сеуште е вклучен во менаџирање на кариерата на Фернандо Алонсо кој сака да се врати на гридот во 2021 година.

разговарав со фернандо и тој би се вратил само во врвна екипа, што значи ферари, мерцедес или ред бул. во спротивно за него нема никаква смисла.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ