Хамилтон задоволен: Ботас беше фер со тимската наредба

Луис Хамилтон верува дека Валтери Ботас бил фер кога го пропуштил да мине откако претходно добил насоки од тимот да го направи тоа.

Седумкратниот првак стигна до својата 3та победа сезонава, овој пат во Шпанија, за зголемување на своето водство на врвот од поредокот во возачкиот шампионат со одлична стратегиј со која ги изненади Верстапен и Ред Бул.

Британецот “падна“ зад Валтери по втората промена на гуми, но тимот му нареди на финецот да го пропушти својот колега, со образложение дека се на различни стратегии. Промената на позициите се случи на 10та кривина, а по трката Валтери изјави дека можел и порано да го пропушти колегата, но имал прва и јасна цел, а тоа е да се оддалечи колку што може повеќе од Ферари за да има “бесплатна“ промена на гуми за напад за најбрз круг.

Луис откри дека не бил свесен оти Ботас добил инструкции од тимот да го пропушти.

искрено не знаев дека му кажале да ме пропушти, мислев дека се тркаме и тоа беше фер и беше коректно по мене, особено што е сеуште многу рано во сезоната.

по мене беше во ред, решив да се доближам и да нападнам, но потоа на 10та кривина имавме различна насока на движење, а бев свесен дека со различните гуми и различните стратегии порано или подоцна ќе го претекнам затоа што имав многу подобри гуми.

во 10та кривина видов дека има простор, не бев сигурен колкав, но валтери беше сосема фер и се надевам дека не загуби премногу време поради мене – објасни хамилтон.

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, разбира зошто на Ботас не му е сеедно што го пропуштил колегата, но од тимска гледна точка, тоа немало никакво влијание на крајниот исход за тимот.

тркачките возачи се такви, нивните инстинкти се такви. луис беше на целосно различна стратегија и секако ќе минеше затоа што новите гуми го правеа побрз.

на крајот дојдовме до резултатот кој го сакавме, а валтери е силно момче и јасно е што тешко се откажув од позиција. ако ја загубивме трката ќе бев повеќе критичен, но не е така.

наредбите ќе се однесуваат во двата правци, тоа е многу пати дискутирано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ