Хамилтон и Ботас верувале на Мерцедес дека ДАС е легален

Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, инсистираат дека биле убедени во легалноста на ДАС системот бидејќи верувале дека нивните инженери не би создале иновација која не е легална.

ДАС беше протестиран од Ред Бул по петочните тренинг сесии, на основ дека влијае врз аеродинамиката и на суспензијата, а не на управувањето. По истрагата, стјуардите на ФИА застанаа на страна на Мерцедес и го одбија протестот, велејќи дека системот е дел од управувањето.

Јас не бев загрижен бидејќи дискутирав со Џејмс Алисон и со екипата и им верувам целосно. Знаев дека сум удобен со нашата позиција и дека одличната идеја е легална, така што немаше проблем.

Ја чувствувате променета кога го користите и очигледно е целосно легален систем. Тоа е нешто на што треба да се сме горди и сеуште се обидуваме да го разбереме подобро, не сме го користеле премногу и мислам дека ќе го разбереме повеќе во иднина – вели Хамилтон.

Ботас ги поддржа коментарите на Хамилтон и додаде дека системот не влијае премногу во нивната форма.

Не очекував ништо во болидот што не било легално на почетокот на викендот. Тимот беше подготвен да се соочи со останатите кои сметаат дека не е легален, но очигледно им верувам дека нема ништо нелегално во болидот, не бев загрижен во ниту еден момент.

Мислам дека има уште потенцијал зависно од условите и патеката, но да, го користевме и сега е природно чувство. Очигледно нема преголем придонес во однос на перформанси, но секој мал детал помага и кога ќе споите повеќе мали работи, може да биде големо – изјави Ботас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ