Хамилтон и Мерцедес во конкуренција за Лауреус наградите

Седумкратниот Формула 1 првак, Луис Хамилтон и седумкратните последователни Формула 1 шампиони, Мерцедес, со помеѓу номинираните за овогодинешните Лауреус спортски награди.

Лани Хамилтон го изедначи рекордот на Михаел Шумахер со освојување на 7та шампионска титула, а неговата екипа стигна до 7ма последователна двојна титула во спортот. Поради тоа, двете страни се во конкуренција за Лауреус наградите кои се признание за големи спортски достигнувања.

Ланскиот трфеј Луис го подели со фудбалерот Лионел Меси, а годинава е номиниран во категоријата Спортист на годината заедно со тенисерот Рафаел Надал кој го освои Роланд Гарос по 13ти пат лани, ѕвездата на кошаркарскиот НБА тим, Леброн Џејмс, напаѓачот на Баерн Минхен, полјакот Роберт Левандовски како и атлетичарите Арманд Дуплант и Џошуа Чептеги. Освен како Спортист на годината, Хамилтон е номиниран уште во шест други категории.

Во категоријата Екипата на годината, Мерцедес ќе има конкуренција од шампионите во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс, учесниците во американскиот Супер Бол, Канзас Сити Чифс, машката рагби репрезентација на Аргентина, како и фудбалските гиганти Баерн Минхен и Ливерпул.

“Сребрените стрели“ го освоија овој трофеј во 2018 година, а секоја следна се кандидати за истиот уште од 2015 годна. Тимот на Барун и фабричкиот Рено претходно ја имаат освојувано оваа награда, додека  Ред Бул имаат четири номинации од времето додека доминираа со Себастијан Фетел, кој ја освои наградатра во 2014 година, а неговиот идол Шумахер во 2002 и 2004 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ