Хамилтон и Роси заговараат трампа ?

Откако Луис Хамилтон се проба во супербајк шампионатот сега сака да го проба моторот на Валентино Роси од МотоГП тркачката серија, а италијанецот да влезе во неговиот Мерцедес Формула 1.

Хамилтон и Роси се добро познати за фановите од речиси сите моторспорт серии. Италијанецот изјави дека со британецот ги спојува нивниот заеднички спонзор, Монстер и поради тоа се разговара за замена.

Се обидуваме да договориме замена со Хамилтон бидејќи тоа е нешто фантастично. Сега сакаме да организираме ден со Луис да го проба мојот мотор М1, а јас неговиот Мерцедес. Се надевам дека тоа ќе се случи затоа што Сакам да возам Формула 1 болид – откри роси.

Докторот претходно го тестираше Ферари во 2006 година. а сега очекува истото да го направи со болидот на Хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ