Хамилтон и Сена се најдобри според Витмарш

Мартин Витмарш има големо искуство во работа со шампиони, а според него, Луис Хамилтон и Аиртон Сена се најдобри од сите.

Во своето време минато во Мекларен, тој работеше со многу врвни возачи.

имам многу убави спомени од џенсон батон, мика хакинен, кими раиконен, хуан пабло монтоја, дури и фернандо алонсо, сите неверојатно луѓe на многу начини. но, двајцата кои се издвојуваа по моето искуство со својата аура и неверојатност се аиртон сена и луис.

кога го сретнав аиртон тој веќе беше посебен, но кога го запознав луис, тој не беше. од тогаш порасна и со сето тоа што го прави со сите постигнувања, имав среќа да бидм креј него во неговото патешествие – се присетува витмарш.

Со својата 92ра победа минатиот викенд, Хамилтон веќе го мина Михаел Шумахер по бројот на победи и стана најуспешен возач во историјата.

никогаш не можам да го анализирам шумахер како што можам некој друг. тој секогаш беше лошиот и нечесниот против моите возачи и поради то не сум реален во врска со него.

луис е безмилосен, но сака да победи на чесен начин, нешто што на шумахер не му било никогаш важно. мора да се почитуваат луѓе кои задржуваат ниво на чесност и искреност, а луис и мика никогаш не би направиле нефер потег.

Еден од најконтроверзните потези на Михаел беше на Белгиското Гранд При во 2000 година кога го истурка Мика Хакинен на тревата на Кемел правецот, но финецот го мина круг подоцна.

едн од работите кои ја имав во канцеларијата беше отпаднат дел од болидот на мика од таа трка заедно со белегот од гумите на михаел на него.

по трката бев нервозен и лут и го фрлив отпаднатиот дел од болидот на мика кон чарли вајтинг и му се пожалив дека шумахер некогаш ќе убие некого.

шест месеци подцна во канцеларијата ми притигна пакет без потпис, тоа беше делот кој си го ставив во канцеларијата и си го земав со себе кога заминав од мекларен.

за мене тоа беше величествен момент и триумф на доброто над лошото, но следуваше феноменален потег од мика следниот круг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ