Хамилтон контра Бен Сулајем: Возачите треба да си го кажат своето мислење

Луис Хамилтон побара од своите колеги возачи во Формула 1 да бидат погласни и почесто да кажуваат што мислат како одговор на она што го кажа Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем.

Неделава првиот човек на ФИА не беше задоволен од личните ставови кои одредени Формула 1 возачи константно ги промовираат, користејќи го спортот како платформа за тоа.

ники лауда и алан прост се грижеа само за возењето и тркањето. сега фетел вози велосипед обоен со боите на виножитото, луис е страствен со човековите права, додека норис константно зборува за менталното здравје.

сите имаат право на свое мислење, но јас треба да решам дали е исправно да се наметнува нечие мислење и да се користи спортот за тоа. јас сум од арапска култура, јас сум муслиман, но ни на крај памет не ми е да го наметнувам тоа, нема шанси, никогаш.

како возач секогаш верував дека спортот е прочистувач на напредокот на општеството и поради тоа промовираме одржливост, разноликост и инклузивност како клучен приоритет во мојот мандат. во исто време вреднуваме посветеност на сите возачи за подобра иднина – изјави бен сулајем.

Тој исто така се осврна и на својата Арапска авто-мото федерација во која кажа дека има огромен процен жени, има луѓе од многу различни религии и националности и тоа како на никое друго место, но никогаш не го наметнувал и не се фалел со тоа негово постигнување, туку само работел кон таа цел.

Луис Хамилтон изјавуваше дека сака да биде сојузник на Претседателот во однос на недоразбирањето на правилото кое забранува носење накит во кокпитот.

неговата изјава не може да не спречи да го кажуваме она што го мислиме. овој спорт континуирано расне, имаме поголема публика од било кога и продолжуваме да бидеме значајна платформа преку која можеме да допринесеме.

секој од нас во оваа индустрија и во овие компании може да направи повеќе со самото зборување на она што го мисли, тоа носи само дополнителни дискусии и разговори.

промените се многу бавни, ни треба повеќе луѓе да ја користат формула 1 како платформа и поради тоа јас ги охрабрувам сите возачи да зборуваат повеќе во иднина во врска со работите за кои се грижат. јас сакам да гледам што прави себ и јас сум негов сојузник – посочи луис.

Себасттијан Фетел е на насловната страна на Attitude овој месец, најпознатиот ЛГБТ магазин на светот.

темите кои луис продолжува да ги дискутира, проблемите за кои ландо зборува како и работите кои јас ги споменувам, верувам дека се теми кои се многу важни и мора да бидат разговарани. тие проблеми се поголеми од нас и поголеми одошто спортот некогаш ќе биде.

важно е да се споменат, важно е да се каже своето мисење по нив, да се свестат луѓето дека има многу работи кои заеднички можеме да ги подобриме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ