Хамилтон му посака добредојде на Алонсо

Луис Хамилтон му посака добредојде на Фернандо Алонсо назад во Формула 1 и не се сомнева дека шпанецот ќе биде во одлична форма штом се врати во спортот.

Рено потврди дека потпишале двегодишен договор со ветеранот кој ќе биде дел од тимот во 2021 година, но и за време на новите правиал година подоцна.

колку повеќе врвни возачи имаме на гридот, толку е подобро за спортот. не сум разговарал со него и не ги знам причините за неговото враќање, но му честитам – изјави хамилтон.

Следната година кога ќе се врати на патеките Алонсо ќе има 40 години, така што многумина го поставија прашањето дали е престар за да се трка. Самиот возач смета дека години се само бројка, а со тоа се согласува и Луис.

секако дека има добри и лоши страни. дефинитивно искуството е многу значајно кога работите со екипа како рено, всушност со секоја екипа и кога работите и притискате за развој и еволуција. искуството може многу да помогне за вистинската насока и тоа е сигурно бонус за него.

не знам како е кога имаш 40 години и не знам колку физички ќе може да го издржи напорот. михаел се врати додека беше постар и физички беше одлично подготвен така што немам сомнеж дека фернандо ќе биде исто така фантастичен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ