Хамилтон научил многу за Верстапен во Шпанија

Луис Хамилтон изјави дека научил многу за Макс Верстапен по трката во Шпанија, можеби повеќе од сите трки претходно. 

Хамилтон стартуваше од пол позиција, но ја загуби истата во првиот свиок од Макс Верстапен. Тој остана блиску до возачот на Ред Бул и менуваше гуми два пати додека неговиот ривал замени само еднаш и се одлучи да оди на долга серија. Тоа беше погрешна стратегија на Ред Бул и Мерцедес победија. 

Мислам дкеа ќе ја сакам оваа борба. Имав добар ден и научив многу за Макс, можеби повеќе од сите претходни трки.

Кога си со луѓето на патеката ги гледаш различните работи и учиш како функционираат. Научив многу за неговиот болид и како тој го користи – откри седумкратниот првак.

Верстапен имаше силен старт и од почеток најави дека нема да се откаже. 

Знам дека Валтери стартуваше  од трето место и целта беше да работиме како тим и останавме на левата страна. Мислам дека за момент погледнав назад и Макс беше веднаш до мене. Му оставив простор во првиот свиок бидејќи трката за мене е маратон, не е спринт. Не треба да бидам агресивен, моето време ќе дојде. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ