Хамилтон на два казнени поени од забрана за трка

Луис Хамилтон е на само еден инцидент од забрана за трка во Формула 1 откако поради пробите за старт на погрешно место во пресрет на трката за Големата награда на Русија, му беа доделени два казнени поени.

Тој доби две казни од по 5 секунди поради прекршување на инструкциите пред почетокот на трката, а кои се однесуваа на дозволените места каде возачите смета да вежбаат старт во загревачките кругови кон стартната рамнина. Актуелниот шампион имал два несоодвени стартни обиди од кои едниот на самиот излез од боксот, нешто што изрично Мајкл Маси го забрани.

Пит Бонинготн, неговиот инженер, уште пред стартот на трката за време на загревачките кругови, го информирал возачот дека не смее да пробува старт на краајот од уличката пред боксовите.

Луис ги отслужи доделените 10 секунди казна при својата промена на гуми откако не се согласуваше со казнта нарекувајќи на “смешна“ и “сра**“.

Дополнително, тој доби по еден поен казна за секој прекршок, вкупно два од денешната трка, така што има вкупно 10 во последните 12 месеци, што значи следните два ќе му донесат забрана за трка.

Избришани поени од неговата супер лиценца ќе има дури по крајот на Турското Гранд При кога ќе му се анулираат казнените поени доделени поради извртувањето на Александер Албон при нивната борба за подиу во Бразил лани.

Тој има четири казнени поени од Австриското Гранд При на почетокот на сезоната, два за непочитување на жолто знаме на квалификации, а уште два за последниот инцидент со Албон. Казна од два поени доби и за влегување во боксот кога истиот беше затворен што значи има вкупно 10.

Од воведувањето на ова правило за забрана за трка по 12 поени воведено во 2014 година, никој возач не стигнал до толку казнени поени да не смее да се трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ