Хамилтон негира сомнеж во Ред Бул

Луис Хамилтон изјави дека не се сомневал оти Ред Бул користи различни подесувања откако искоментира преку радиото за време на трката дека Ред Бул имаат различен притисок во гумите. 

Макс Верстапен одлично ги менаџираше гумите, додека Мерцедес ги уништуваше нивните и со тоа холанѓанецот дојде до победата со одлична стратегија и храбра борба со “сребрените“ на патеката.

За разлика од првата трка каде Хамилтон доминираше, на втората трка на Силверстон двајцата возачи на Мерцедес имаа проблеми со гумите.  Верстапен немаше никаков проблем со ова и поради тоа актуелниот шампион се сомневаше дека Ред Бул имаат различен притисок во гумите. 

Тој мора да има помал притисок во гумите или слично – нервозно побара одговор хамилтон од своите преку радиото.

Возачот на Мерцедес не ги обвини Ред Бул, туку само се посомневал дека нешто не е како што треба. 

Кога излегуваме и ја почнуваме трката имаме минимален притисок кој се зголемува во текот на трката. Со повеќе кругови мислам дека тој се зголемува и кај нас порасна повеќе отколку кај Макс.

Генерално ги чувам гумите, но треба да се чува ниска температура и со тоа се регулира притисокот. Мислам дека тие имаат понизок притисок од нас и затоа ние имавме проблеми со гумите.

Не кажувам дека тие имаа различни подесувања бидејќи сите сме на минимум на стартот. Подоцна дознав дека друг е проблемот – свесен е луис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ