Хамилтон немал доволно грип за пол позиција

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, посочи дека немал доволно грип за да комплетира круг со кој би поставил време доволно за освојување на пол позицијаа на Големата награда на Сингапур.

“Сребрените стрели“ се мачеа во најдолем дел од оваа сезона, а се надеваа дека преполниот со кривини и бавен Марина Беј ќе им донесе добра шанса за силен резултат. Но, Џорџ Расел успеа да дојде само до 11то место и не стигна до последниот квалификациски сегмент откако пријави проблем, додека Хамимлтон имаше и провизорна пол позиција, а на крајот заврши со 3то време по вредност.

Последниот сегмент мина во константно подобрување на патеката, а најбрзите времиња се нижеа едно по друго, така што послендиот обид на Хамилтон беше само половина десетинка од пол позицијата на Леклер и три стотинки од второто место на Чеко ПЕрез.

притискав со цела сила, бев многу блиску до оградата, се трудев, но момците пред мене беа многу брзи и ми требаше совршен круг за да им се доближам и да се борам за прво место.

немав доволно грип во мојот последен круг, но среќен сум и со вториот стартен ред и благодарен на тимот што продолжи да притиска со наведната глава, да работи и се надеваме на уште подобар ден на трка – посака седумкратниот првак.

Црномурестиот британец е задоволен што тимот покажал толку силни перформанси по лошото Италијанско Гранд При и задоволен е што загубил со толку мал заостаток.

не знаевме колку блиску ќе бидеме викендов, знаевме дека болидот ќе биде посилен одошто на монца, но точно немавме информација. да се загуби за толку малку е во ред, се гледа дека напредуваме и уште посилни ќе бидеме утре.

По квалификациите, Мерцедес беа пријавени кај стјуардите поради несоодветен извештај за проверка на болидот, а утрово и Хамилтон беше пријавен кај стјуардите поради носење накит во болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ