Хамилтон немал избор освен да оди со една промена до крај

Луис Хамилтон верува дека Мерцедес немале избор освен да останат на одбраната стратегија со едно зстанување во бокс до крајот на трката и на тој начин да се обидат да го задржат Макс Верстапен и Ред Бул зад себе.

Луис беше минат во последниот круг од Верстапен откако Ред Бул се реши за агресивна стратегија со две промени на гуми која им се исплатеше. Брианецог поведе по грешката на Макс на стартот, но го загуби водството откако Верстапен промени гуми прв пат еден круг пред него.

Мерцедес не одговори на второто влегување во бокс на Ред Бул и се реши со една промена да возат до крајот со надеж дека ќе победат на тој начин. Хамилтон редовно се консултираше со тимот за состојбата на своите гуми во текот на трката, но одлуката беше да не се промени.

макс веќе беше пред мене и единствена опција за мене беше да останам надвор. в спротивно, ќе останеше пред мене, имаа одличен ритам, беа брзи на правците и немаше да имам шанса да дојдам во позиција да го минам. немавме избор освен да останеме и да се надеваме дека нашите гуми ќе издржат, а неговите ќе почнат да губат перформанси – појасни хамилтон.

Победата во Франција е трета по ред за Ред Бул, така што Верстапен го зголеми водството во однос на Хамилтон на 12 поени.

мораме да најдеме ритам, нема друго. најголем дел од времето денеска го губевме на правците и мораме многу да се потрудиме за да видиме зошто тоа беше така, дали поради моќта на моторот или поради отпорот. но, сеуште имаме одличен пакет на располагање.

Актуелниот првак, сепак, не е свесен како го загубил водството при првата промена на гуми, туку само добил информација дека андеркатот бил многу моќен и секој круг повеќе чинел многу време.

не проценивме добро колку е моќен андеркатот, но бевме изненадени, иако мораме да признаеме дека имавме добра стратегија иако таа не ни донесе победа донесека.

честитки до макс, одработе одлично денеска. беа побрзи на правците цел викенд и со оглед на тоа штоа имавме тежок петок, мораме да бидеме задоволни од резултатот. секако дека не победивме, а бевме во водство, но на крајот навистина имавме огромен проблем со гумите и загубивме позиција. сепак, трката беше добра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ