Хамилтон нетрпелив за подобар Мерцедес

Луис Хамилтон откри дека не може да дочека подобар В14 болид од Мерцедес во кој ќе има повеќе верба.

Седумкртниот првак ги заврши денешните квалификации на Џеда Корниш на 8мо место со цела секунда побавен круг од пол позицијата на Серхио Перез, а неговиот колега, Џорџ Расел, беше на 5то место и речиси четири десетинки од пол позиција.

Лани Луис ја имаше првата сезона во кариерата без победа, така шео станува нетрпелив неговиот болид да добие перформанси, но се чини дека на “сребрените“ тоа тешко им оди.

болидот е таков каков што е. џорџ одработи фантастично и дојде до вториот ред, така што е јасно дека перформанси имаме, но јас не се чувствувам удобрно и споено со болидот. без оглед што правам и што менувам, не можам да стекнам верба во болидот и некако сум загубен – посочи луис.

Хамилтон посочи дека ќе даде се од себе и ќе направи се што знае само за да се решат проблемите на болидот.

не може не постои кај мене. денеска не можев да извадам повеќе од болидот, но ќе продолжам да се обидувам и да давам се од себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ