Хамилтон не е загрижен за тензијата: Таков е спортот

Ривалството помеѓу Мерцедес и Ред Бул се води на патеката, но и надвор од неа, а Луис Хамилтон не е премногу загрижен за тоа. 

Една недела по трката за Големата награда на Бразил, имаше доста тензија помеѓу Кристијан Хорнер и Тото Волф на пресот во Катар. 

Не мислам така дека имало преголема тензија. За тоа е спортот нели. Треба да се бориме насекаде – смета седумкратниот првак.

Хамилтон верува дека сите засегнати страни треба проблемите да ги решаваат исклучив преку дијалог и се надева дека ќе се задржи одредено ниво на почит. 

Мислам дека нема причина зошто да не се дискутираат и решат сите работи. На крајот на денот, почитта е најважна. Треба да остане почитта помеѓу сите нас. 

Но и покрај ова, Хамилтон прво изјави ги подржува Мерцедес во нивното право да се жалат за инцидентот со Верстапен во Бразил иако прво изјави дека нема потреба од ова. 

Не вреди да се троши енергија на ова. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ