Хамилтон: Не е моја работа да се грижам за моторите

Луис Хамилтон ги демантираше загриженостите околу моторот на Мерцедес, велејќ дека не е негова работа да се грижи за моторите.

Актуелниот првак мораш да биде уназаден 10 позиции на стартот на Турското Гранд При поради промена на моторот и наместо од пол позиција, стартуваше од 11то место, а на крајот заврши на 5то. Во пресрет на тркачкиот викенд се појави веста дека новиот мотор кој Валтери Ботас го доби на Италијанското Гранд При во Монца, експресно бил вратен во седиштето во Бриксворт на темелна анализа.

Запрашан дали е загрижен за новонасанатата ситуација со моторите, како и потенцијана нова казна за 5ти мотор за него, Луис не обрна внимание многу на таквите пишувања.

навистина не се замарам многу околу тоа, не е моја работа да се грижам за такви работи, момците во фабриката се посветени на тоа.

мојот мотор е во одлична состојба, мојот прв мотор мислам дека издржа цели шест трки, а вториот мотор сеуште го возиме, како и третиот.

колку што јас знам, нема да имам потреба од 5ти мотор, но не можам да предвидам што ќе се случува на трките кои следуваат – појасни седумкратниот првак.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ