Хамилтон не е согласно нашата политика, вели Хорнер

Кристијан Хорнер смета дека не е за очекување Луис Хамилтон во иднина да стане дел од Ред Бул затоа што британецот едноставно не се вклопува во политиката на тимот.

Екипата од Милтон Кинс минатиот Месец го потврди Макс Верстапен до 2023 година, но неговиот колега, Александер Албон, има договор само до крајот на оваа година.

тој не би се вклопил во нашата програма. ние го имаме макс и секогаш работиме на инвестирање во млади возачи, гаење и развој на талент. луис не може да биде дел од тоа – смета хорнер.

Британецот смета дека е само прашање на време кога Луис ќе продолжи да преговара со Мерцедес и ќе постигнат нов договор. Медиумите пренесуваат дека во моментов проблем се превисоките барања за плата на Хамилтон.

две од најдобрите места на гридот во моментов се пополнети и логично е тој да остане во неговиот сегашен тим откако ќе ги договорат условите. во моментов автомобилскиот сектор е под финансиски притисок така што тешко е да се оправдаат рекордно високи плати.

мислам дека тоа се нормални комерцијални преговоти помеѓу возачот и неговиот тим. ферари секако стои како можност за него, но не сум сигурен дека би дошло до таков трансфер.

луис изгледа среќно во мерцедес и не гледам причина зошто би променил толку силен и конкурентен тим само за да направи промена.

Хамилтон не е единствениот шампион кој се поврзува со екипата од Милтон Кинс затоа што медиумите шпекулираат и за можно враќање на Себастијан Фетел во тимот.

тешко е двајца алфа возачи да бидат дел од иста екипа. видете какви проблеми имаше ферари и не знам зошто би сакале да ги имаме истите.

истото е со луис во ферари или луис во ред бул. тоа е тешка динамика, мачен менаџмент особено во волку изедначена околина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ