Хамилтон не мисли на рекордот на Шумахер

Се очекува оваа трка за Руското Гранд При на Сочи, Луис Хамилтон да се изедначи со рекордот на Шумахер од 91 победа, но сепак британецот не мисли на тоа. 

На Хамилтон му недостасува една победа да дојде до рекордот на легендарниот Шумахер со кои исто така може да се изедначи и по бројот на титулите. доколку стигне до овогодинешниот наслов.

Не знам зошто, но можеби бидејќи е моја природа не се фокусирам на бројките. Доаѓам овој викенд на трка и тоа не е ништо различно. Треба да направам се да го победам Валтери и сите други.

Не мислам на ништо друго. Можеби бројките во шампионатот се малку различни. Доколку го освоиш шампионатот тоа е нешто подалекусежно.

Сакаш да стигнеш таму, но всушност не знаеш дали си сигурен дека ќе стигнеш таму. подоцна ќе разбереш дека си стигнал до тоа – појасни луис.

Хамилтон има четири победи на Сочи, но свесен е дека претодните перформанси не се гаранција за добар резултат.

Треба да поработам бидејќи Валтери прв пат тука победи и е доста брз, но покрај него и Ред Бул се доста брзи.

Има многу работа за да се дојде до победа. Ќе се случи тоа и не брзам никаде. Има поголеми работи кои се случуваат во светот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ