Хамилтон: Не победив долго време, како да ми е прв пат

Луис Хамилтон откри дека победата на денешното Бразилско Гранд При е како прва негова во кариерата откако стартуваше од 10то место и со феноменално возење го претекна својот директен конкурент Верстапен на патеката.

На спринт квалификациите надомести дури 15 позиции, стартуваше од 20 место, заврши на 5то, но со дополнителните 5 позиции казна за нов мотор, денеска тргна од 5от ред и победи.

До 19от круг, Луис веќе беше зад Верстапен и се доближуваше до него по двете менувања на гуми. Во 48от круг го нападна својот конкурент жестоко но беше истуркан далеку од патеката, но 11 кругови подоцна во пресрет на истата кривина имаше огромна брзина која ја искористи да го прелета Ред Бул болидот.

На крајот, трката ја заврши 10 секунди пред Верстапен по што го намали водството во однос на Верстапен на 14 поени со три трки пред крајот на сезоната.

во пресрет на викендов не ни помислувавме дека ќе надоместиме дел од заостатокот денеска. се случија многу работи кои одеа против нас, но тоа им покажа на сите со что се соочуваме. продолживме да притискаме, да се бориме и никогаш не се откажавме. така пристапивме на овој викенд и црпевме инспирација од секаде. како да ми е прва победа затоа што не сум победил долго време – изјави хамилтон.

На подиумот друштво му правеше неговиот најголем конкурент за титула, Макс Верстапен како и неговиот колега, Валтери Ботас, чиј пласман на 3то место му донесе предност од 11 поени на Мерцедес кај конкурентите.

тимот одработи одлично, валтери беше супер и донесе колку што можеше повеќе поени. јас силно притискав, давав колку што можев, но од последен на гридот и со казна од пет места, ова беше најтежок викенд кој сум го имал.

татко ми ме потсети на 2004 година кога бев во формула 3 во бахреин, тргнав последен, завршив на 10то место, а потоа и победив, така што победава му ја посветувам него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ