Хамилтон опоменат, Мерцедес казнети за блокирањето на Мазепин

Луис Хамилтон доби опомена за забавување на Никита Мазепин од Хаас во текот на сботната тренинг сесија за Големата награда на Саудиска Арабија, а Мерцедес, како одговорни за инцидентот, добија казна од 25 илјади евра.

Кон крајот на последниот тренигн пред квалификациите на Џеда Корниш, Хамилтон беше на бавен круг, а Мазепин на летечка обиколка брзо доаѓаше зад него. Во текот на 8та кривина која е буквално на слепо, Луис се движеше многу бавно во тркачакта линија, така што русинот мораше многу да се труди да не направи судар со него.

Стјуардите утврдиле дека Хамилтон добил информација за позицијата на Мазепин 10 секунди пред инцидентот, но потоа не добил никакви други известувања за болидот на Хаас зад себе. Поради тоа тој доби само опомена, негова втора сезонава, но Мерцедес, поради доцнењето со информации, добија 25 илјади евра казна.

стјуардите го сослушаа хамилтон, пртставници од тимот и ги испитаа видео доказите и тимското радио. возачот добил предупредување 10 секунди пред мазепин да дојде до него, уште кога беше на 2та кривина. поради лошата комуникација со тимот, не добил дополнителна информација се додека болидот на хаас не дојде до него.

стјуарит есе свесни дека природата на патеката е таква што возачите тешко ги користат страничните ретровизори за да може точно да утврдат каде се возачите зад нив.

секако дека возачот на крајот на денот е одговорен за забавувањето и за неговото возење, тимската комуникација е таја која не била ефикасна поради тоа се дава опомена на возачот и казна за тимот – гласи соопштението од стјуардите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ