Хамилтон основаше своја Extreme E екипа

Луис Хамилтон основаше своја Extreme E екипа во пресрет на првата сезона во таа тркачка серија која ќе се случува догодина.

Тимот на Хамилтон ќе се вика Х44, иницијалот од неговото презиме и бројот кој го користи во Формула 1 и ќе биде дел од новата оф-роуд серија со електрични возила, но самиот Луис нема да вози и нема да биде вклучен во никакви активности околу раководење на екипата.

Поради тоа што новата серија е насочена кон грижа за околината, Хамилтон сакал да се вклучи во истата на некој начин.

Extreme E е возбудлива нова и издржлива иницијатива со многу можности да се вклучам како основач и сопственик на екипа.

секако дека моите амбиции и мојата посветеност е кон тимот на мерцедес во формула 1 што значи дека нема секојдневно да бидам вклучен во работата на екипа, но возбуден сум за оваа моја улога која ми ја носи визијата за изджлив и еднаков свет.

Extreme E ми се допадна токму поради фокусот на животната средина. секој од нас може да направи разлика, а мене навистина многу и значи што ќе можам да ја искористам мојата љубов кон тркањето заедно со мојата љубов кон планетата за да се обидам да направам нешто позитивно.

не само што ќе посетиме далечни локации кои се погодени од климатска криза, туку ќе работиме и со тие локации и водечките климатски експерти за да го поделие нашето знаење и да оставие позитивен впечаток за локациите кои се надвор од тркаките патеки.

како основач на Х44 тимот нетрпелив сум да го изграадам тимот со позитивни врености како издржливост и еднаквост.

никој од нас не е совршен и сите мораме да се подобриме, но возуден сум дека ќе ја користие оваа платформа за сериозно да влијаеме на планетата и да наоѓаме решенија – вели хамилтон.

Основачот и сопственик на Формула Е, Алехандро Агаг е шеф и на оваа серија и по повод доаѓањето н Луис во истата, изјави:

воодушевени сме што можеме да му посакаме на хамилтон добредојде во Extreme E со својот х44 тим. како и сите ние и тој е голем обожавател н моторспортот, но верува во оваа серија дека можеме да донесеме климатски промени и еднаквост.

луис е еден од најуспешните возачи на сите времиња и сите сме возбудени што неговиот тим ќе стане дел од нашата тркачка серија под неговото неверојано водство.

Extreme E сега има осум екипи за својата прва сезона, а освен X44 таму ќе се тркаат и Abt Sportsline, HWA, Veloce Racing, QEV Technologies, Andretti United Extreme E, Chip Ganassi Racing и Techeetah. Сезонаа ќе поче во Сенегал на крајот н Јануари догодина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ