Хамилтон открива: Не разговарав со ФИА поради маичката

Луис Хамилтон откри дека сеуште не разговарал со ФИА околу спорниот натпис на неговата маичка која ја носеше на подиуот по победата во Муцело со која бараше да се уапсат полицајците кои ја застрелале Бреона Тејлор.

По носењето на спорниот натпис на маичката во Тоскана, се крена голема прашина воврска со политичката порака која Хамилтон ја пратил, нешто за што многумина сметаат дека нема место во спортот. Во пресрет на Руското Гранд При тој откри дека сеуште не разговарал со ФИА.

не сум разговарал со никој од фиа, но реакциите на поддршка од фановите беа навистина позитивни. мислам дека тие беа неверојатни и не жалам за мојот потег.

вообичаено го следам срцето при такви работи кои сметам дека се исправни затоа што направив нешто што никогаш не е направено во формула 1.

јасно е дека во иднина може да се донесе забрана за такви пораки, но тоа што луѓето зборуваат дека се работи за политички мотивирани пораки нема врска, се работи за проблем со човековите права и по мене треба да дозволуваме вакви пораки.

не знам што ќе се прави викендов, но многу правила поттикнав да бидат напишани низ годините и тоа не ми сметаше да правам тоа што сметам дека е исправно. ќе продолжам да работам со формула 1 и фиа за да се осигурам дека пораките кои ги праќам се исправни.

секако дека можеше да биде и подобро, секогаш може подобро и се е дел од процесот на учење – објасни хамилтон.

Формула 1 и ФИА од почетокот на сезоната работат на координација со возачите во врска со пренесување на анти-расистички пораки, како на пример времето за клекнување пред почетокот на трката.

оваа година е таква што сите учиме затоа што луѓето беа задоволни со начинот на кој функционирше се. но, светот и особено помладите генерации се посвесни дека работите треб да се променат за што се потребни разговори за работи како онаа во муџело кои поттикнуваат силни реакци.

ќе повторам дека не сум разговарал со фиа, но ќе се чујам со нив утре и ако донесат некакво правило во врска со тоа што е дозволено, а што не, секако дека ќе го почитувам. ќе продолжам да работам со нив без разлика дали се согласувам или не, тоа не е важно, мораме да најдеме компромис и да делуваме заедно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ