Хамилтон очекува мирен пазар на возачите

Актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, не смета дека нема да има возачи кои ќе променат тимови во најдобрите три екипи на гридот во пресрет на следната година. Новите правила имаат за цел да го променат поредокот, а најголемите ѕвезди на спортот имаат договори само до крајог на оваа сезона.

Луис Хамилтон заедно со својот колега Валтери Ботас, потоа Себастијан Фетел и Даниел Рикардо се најзвучните имиња кои сеуште немаат договор за следната година,  шесткратниот првак не очекува големи придвижувања.

мислам дека кај најдобрите екипи нема да има големи промени во однос на возачи, а кај оние од средината не знам точно какви се договорите, но и покрај тоа сметам дека нема да има големи промени. на пример, навистина не можам да кажам каков е планот на себ за во иднина – смета хамилтон.

Името на Луис долго време беше во комбинација за возачко место во Ферари, но како што италијанците го потврдија Шарл Леклер до 2024 година, така британецот почна да преговара со Мерцедес.

Освен финансиските барања кои секако се големи за возач од калибарот на Хамилтон, една од главните работи кои тој ги добива од Мерцедес е слободата во врска со неговиот начин на живот надвор од тркачкиот викенд. Искуствено гледано Ферари може да ја ограничи таа слобода.

не се работи за слобода туку се работи да се биде тој што сум. луѓето велат дека не бил добил таква слбода ако возам за друга екипа, но јас не би отишол на друго место каде не можам да бидам јас.

кога дојдов во мерцведес тие го охрабрија тој дел во мене, а тото ме позна каков сум. имаме најголеми спонзори, најмногу титули освојуваме и сме победиле на најмногу трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ