Хамилтон подготвен за неверојатно тешка борба

Луис Хамилтон очекува неверојатно тешка борба за титула против Макс Верстапен и Ред Бул до крајот на оваа тркачка сезона, но најави дека тој и тимот ќе одат чекор по чекор.

Холанѓанецот води со 6 поени на исто толку трки пред крајот на сезоната, а претсојниот настан се вози во Америка. ТБ16Б имаше предност во однос на В12 на Мерцедес во најголем дел од сезоната, но во Русија и Турција “сребрените стрели“ се вратија во игра и повторно имаат најсилен болид на гридот.

многу е важно да се победи на секоја трка, да се освојат максимум поени, таа е наша цел за секоја од претстојните шест трки, но знам дека ќе биде неверојатно тешко.

ќе има моменти кога ќе бидеме посилни од нив, но ќе има и моменти, не сакам да претпоставам дека така ќе биде во мексико, кога тие ќе бидат силни, традиционално се многу брзи таму.

многу работи може да се случат следните шест трки, ние одиме чекор по чекор, трка по трка и ќе даваме се што можеме – најави хамилтон.

Иако Луис и Мак имаа неколку контакти и судари сезонава, по што следуваше војна на зборови, британецот инсистира дека има нормален однос со својот конкурент.

некои возачи се дружат повеќе од други, но јас не можам да кажам дека се дружам со некој возач особено. се гледаме цела година на патеката и во падокот, но тоа е се.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ