Хамилтон: Полесни болиди ќе помогнат во дуелите

Луис Хамилтон смета дека намалување на тежината на Формула 1 болидите во иднина, потег кој би го подобрил тркањето според возачот на Мерцедес.

Во последните неколку сезони, минималната тежина на Ф1 болидите постепено се зголемува, што најмногу се должи на технички промени, како и пошироки пневматици, но и додавање на хало уредот.

Болидите моментално мора да тежат минимум 740 килограми, вклучувајќи го возачот и баластот, но без гориво. Тоа е зголемување од 135 килограми во споредба со лимитот од 605 килограми од пред 10 години.

Болидите не мора да тежат 730 килограми, едноставно не треба да бидат толку тешки. Тие тежеа околу 600 килограми пред неколку години. Зборев со моите инженери и тие рекоа дека ако се променат правилата, би можеле болидите да тежат толку.

Некои работи треба да се отстранат, но може да се направат полесни. Би се изгубиле перформанси, но можно е.

Постојано ги прават овие болиди потешки и потешки и потешки секоја година, а возиме побрзо и имаме повеќе потисна сила, а тука се и пневматиците … Тешко е за Пирели да развијат пневматик со ограничено тестирање кои треба да ја одржат тежината.

Сите овие поинакви нешта, тоа е како домино ефект, со полесни болиди, ќе може да се тркаме посилно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ